По погодокот во осмата, Аријан Адеми со втор гол во дресот на Динамо Загреб во 72-та минута, во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони.
Во Загреб исландски Валур загуби со 3-2, а капитенот Адеми беше меѓу најзабележителните на теренот.
Пред нешто повеќе од две недели Адеми со Македонија играше на ЕП, а попладнево на двапати стрела прецизно иако сезонава нема одиграно ниту еден подготвителен меч со „модрите“.
Ова е голот на Адеми за 3-0 :
Македонскиот фудбалски репрезентативец во 81 минута имаше можност и за хет трик, ама не го резлизираше пеналот за Динамо.
Во 88 минута гостите од Исланд добија пенал. Сигурдсон не беше прецизен, но одбиената топка дојде до него и го намали водството на Динамо на 3-1.
Се играше 90 минута кога Адолфсон погоди за намалување на предноста на загребскиот тим на 3-2.