Top Sport

Аривабене: Јувентус да не се суди преку медиумите

Новиот фудбалски директор на Јувентус, и поранешен шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, вели дека „бјанконерите“ не треба да бидат осудени преку медиумите во истрагата за ткн. „плусваленце“, односно преценувањето на играчите за да се покажат подобри финасиски резултати.

Јувентус е под истрага на италијанската финансиска полиција, а шпекулациите во Италија велат дека таа може да резултира со исфрлање од Серија А, нешто што Аривабене е сигурен дека нема да се случи.

„Зборував со полицијата како сведок и тоа што го кажав е доверливо. Сакам да посочам дека ние сме клуб кој е поставен на берзата, така што постојано сме под постојано надгледување од различни институции. Соработуваме со властите, и со целосна почит, тоа што требаше да го кажеме беше во соопштението. Јас ја почитувам сечија работа, но сакаме и работата на Јувентус да се почитува. Не се потребни судења преку медиумите каде што се зборуваат работи кои немаат врска со фактите“, вели Аривабене.

Scroll to Top