Top Sport

Еклстоун: Мерцедес се силеџии кон Ферстапен, тој е дете во споредба со Хамилтон

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун смета дека Макс Ферстапен потфрли во борбата за титулата, бидејќи е „само дете“ во споредба со искуството на Луис Хамилтон, а во исто време Мерцедес играат „силеџиска“ психолошка војна со него.

„Макс има повеќе од обична трка пред него, бидејќи Мерцедес постојано му се на грб. Тие се однесуваат како силеџии и не се фер, туку играат психолошка игра со него. Мерцедес се обидуваат постојано да му направат проблем, а стјуардите постојано гледаат како Тото Волф ги контролира. Од друга страна, Макс е уште дете во споредба со Луис, а искуството е многу важно. Макс има неколку сезони, но го нема искуството на Луис, а исто така живееше во ера во која доминираше со Мерцедес. Макс првпат во животот има болид со кој може да е шампион“, вели Еклстоун во интервју за „АФП“.

Тој смета дека сезоната 2021 е добра за Формула 1 и покрај критиките дека острата борба на патеката може да одврати некого од спортот.

„Годината беше неверојатна, бидејќи последните години луѓето однапред знаеја кој ќе победи. Малку е поразлично оваа година. Кој ќе стане шампион? Возачот со најмногу среќа. ЗаХамилтон нема да има врска ако не ја освои титулата. Тој сигурно ќе биде во топ 5 во историјата во овој спорт. Тој е екстремно талентиран и многу лукав возач. Ако стане бизнисмен ќе биде опасен“, оценува Еклстоун.

Scroll to Top