Генералниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене инсистира дека Кристијано Роналдо веќе не е проблем на Јувентус по ситуацијата која се развиваше ова лето во Манчестер јунајтед со неговата желба да замине.
Роналдо, на крајот, остана на „Олд Трафорд“ и во новата сезона, во која последните три мечеви од Премиерлигата ги стартува од клупата. Аривабене сочувствува со Португалецот, но вели дека тоа веќе не е нивни проблем.
„Ние се разделивме во Јувентус со взаемна почит. Жал ние што му се случува во Манчестер оваа година, но тоа не е наш проблем повеќе“, вели Аривабене.