Top Sport

Тифозите на Милан безмилосни кон Симоне Инзаги: Пипо е син-единец!

Во сигурно најинтересниот меч во Серија А во новата сезона, Милан стигнаа до 3:2 победа над градските ривали Интер, во меч во кој Рафаел Леао беше човек на мечот со два гола и една асистенција на „росонерите“.

Навивачите на двата клуба имаа фантастични кореографии пред мечот, но најинтересен на социјалните мрежи стана еден обичен банер на навивачите н Милан, кој се потсмеваше со Симоне Инзаги.

„Пипо Инзаги е син-единец“, стоеше на банерот на „Курва суд“.

Секако, тренерот на Интер, Симоне Инзаги е брат на Филипо „Пипо“ Инзаги, славниот напаѓач на Милан кој имаше 126 гол во 300 настапи во кои освои две титули од Серија А и две титули од Лигата на шампионите. Симоне Инзаги, пак, во поголемиот дел од кариерата играше за Лацио, каде што пото беше и тренер, пред минатото лето да стане тренер на Интер.

Scroll to Top