Top Sport

Арјен Робен отиде во фудбалска пензија

Холандскиот фудбалски ветеран Арјен Робен денеска и официјално стави крај на фудбалската кариера. Последниот аплауз го доби на стадионот во неговиот роден град – Гронинген.

Робен (37) на крајот на кариерата се здоби со бројни повреди, а на денешниот меч Гронинген – Валвијк (1-1) се прости од навивачите облечен во одело, истакнувајќи дека претпочитал разделба облечен во фудбалски дрес, на тревникот.

Гронинген беше последната станица во пребогатата кариера на Холанѓанецот кој играше уште за ПСВ Ајндховен, Реал Мадрид, Челси и Баерн Минхен, каде ги доживеа најголемите клупски успеси.

Беше шампион на Холандија со ПСВ, шампион на Шпанија со Реал, двоен првак на Англија со Челси, а со Баерн ја освојуваше Бундеслигата дури осумпати. Со баварскиот клуб го крена и пехарот во ЛШ.

Во дресот на селекцијата на Холандија освои светски сребро и бронза.

Scroll to Top