Top Sport

„Аркан носеше пиштол, Пикси беше преплашен…“

Темата „Максимир 1990“ деновиве и повторно актуелна. За неодиграниот натпревар помеѓу Динамо Загреб и Црвена звезда, односно хаосот што се случи во медиумите се кажуваат сведоштва за кои досега не сме слушнале.

Такво е и сведоштвото на Јуре Равиќ, фудбалски менаџер, кој на натпреварот имал друга функција. Тој на тој меч бил задолжен за безбедноста.

„Јас сум редарот во бела кошула. Секоја година на тој датум се гледам на телевизиските снимки Така беше и овој 13 мај на 30 годишнината. Веднаш штом Бобан го удри полицаецот“, раскажал Равиќ за „Спортске Новости“.

Равиќ се сеќава што му кажал на Роберт Просинечки кога започнал хаосот.

„Колку што можев внимаван на играчите на двата тима. Кога започна тепачката Аркан нареди играчите на Црвена звезда да влезат во тунелот, а потоа да одат во соблекувалната. Видов дека Аркан е вооружен, носеше пиштол. Но, играчите на Црвена звезда беа исплашени, Драган Стојковиќ-Пикси се тресеше од страв. Јас му пријдов на Просинечки и му кажав: „Немој да се плашиш ти си наш“. И тој беше преплашен“, рекол Равиќ и заклучил.

„Тоа беше денот кога милицијата ги чуваше навивачите на Црвена звезда, а ги тепаше Хрватите. Јас спаѓам меѓу оние кои сметаат дека на тој меч започна војната“.

Scroll to Top