Top Sport

НФЛ играчи извршиле вооружен грабеж

Полицијата на Флорида покренала истрага против двајца НФЛ играчи. Наводно Диандре Бејкер од Њујорк Џајантс и Квинтон Данбар од Сиетл Сихокс извршиле вооружен грабеж.

Полицијата истражува дали Бејкер и Данбер биле разбојниците кои на една забава и од луѓето собрале 12.000 долари и часовници во вредност од 25.000 долари.

Во налогот за апсење стои дека инцидентот се случил откако започнале Бејкер, Данбар и уште едно неидентификувано лице започнале расправија, а потоа Бејкер извадил пиштол. Тројцата ги ограбиле гостите, а потоа секој заминал на своја страна.

Како што објави Би-би-си се уште никој не е уапсен. Од полицијата рекле дека се во контакт со челниците на НФЛ и градските служби.

Од друга страна адвокатите на НФЛ играчите тврдат дека имаат изјави на сведоци дека Бејкер и Данбар не учествувале во грабежот.

Scroll to Top