Top Sport

Армин Хоџиќ ќе го засили Шкупи

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Фехервар, Кашимпаша, Армин Хоџиќ (28) треба да биде новото засилување за македонскиот прволигаш Шкупи. Овој фудбалер кариерата ја започна во академијата на Ливерпул. Хоџиќ во Шкупи доаѓа од Железничар.

По несогласувањата со Сандеј Адетунџи, Шкупи остана без квалитетно решение во навалната линија, поради што клупските челници мораа експресно да реагираат на трансфер пазарот.

Во пресрет на стартот на новиот шампионат на Македонија, Шкупи сака да се засили со Армин Хоџиќ.

Шкупи утре го игра реванш мечот против Левски во Конференциската лига. Првиот дуел во Скопје го загуби со 0:2.

Scroll to Top