Top Sport

(Видео) Историска ноќ во Љубљана – Голманот Видовшек е херој, Десподов трагичар 112. минута

Олимпија Љубљана за прв пат во историјата ќе игра во групната фаза на едно европско натпреварување. Најзаслужен за ова е голманот Матевж Видовшек.

Олимпија во вторникот се пласираше во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Олимпија во драматичен меч го елиминираше бугарски Лудогорец.

Привиот натпревар во Разград заврши 1.1.

Во реваншот во Љубљана Лудоговрец ојде до предност во 15.минута преку Десподов. Три минути подцна израмни Елсник.

Драмата кулминираше во судиското надополнување на вториот дел.

Најпрвин Елсник ја доведе Олимпија во водство од 2:1 со својот втор гол во 92. минута, а Лудогорец доби шанса да го одведе натпреварот во продолжение во 102. минута кога беше досуден пенал.

Десподов ја презеде одговорноста за себе, но 23. годишниот голман Видовшек спектакуларно го одбрани неговиот удар.

Овој резултат значи дека Олимпија најмалку ќе игра во фазата по групи во Конференциската лига. Навивачуте по мечот влетаа на теренот на стадионот „Стожице“, поради што на Олимпија и се заканува казна од УЕФА.

Во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, Олимпија ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Жалгирис и Галатасарај во Истанбул.

На првиот натпревар во Литванија резултатот беше 2:2.

Scroll to Top