Интер ги одбројува деновите до финалето на Лигата на шампионите, во кое „нероаѕурите“ ќе играат против Пари Сен Жермен на „Алијанц Арена“ во сабота од 21 часот.
И додека возбудата кај навивачите на Интер расте, во исто време навивачите на Црвена звезда се надеваат дека финалето на Лигата на шампионите би можело да биде последниот натпревар во дресот на италијанскиот клуб за искусниот австриски напаѓач од српско потекло, Марко Аранутовиќ (36), и дека голгетерот би можел да игра во клубот за кој навива од следната сезона.
Договорот на Аранавовиќ со Интер истекува на крајот од сезоната, изјави дека неговата судбина е неизвесна.
„Ако победиме, дали ќе останам? Бог го знае тоа“, рече репрезентативецот на Австрија иј брзо се префрли на други теми, го пофали колегата од нападот Маркус Тирам.
„Му платив да ме фали, па сега му возвраќам услугата. Многу го сакам, близок сум со него и со Чалханоглу. Постојано разговараме, им давам совети. Ќе одигра врвен натпревар“, рече Аранутовиќ, кој веќе ја освои Лигата на шампионите со Интер во 2010 година.
„Да, само што тогаш по журката ме уапсија во Мадрид“, се присети ветеранот.