Top Sport

Арнаутовиќ се договори со Шангај СИПГ, Вест хем го бара Макси Гомез

Марко Арнаутовиќ е пред комплетирањето на 23 милиони фунти вредниот трансфер од Вест хем во Шангај СИПГ, откако кинескиот суперлигаш се договори за личните услови со Австриецот, кој ќе заработува фантастични 300.000 евра неделно во Кина.

30-годишниот Арнаутовиќ беше блиску до трансфер во Кина и во јануари, но тогаш договорот пропадна, а Вест хем најавија дека сакаат да се ослободат од напаѓачот кој ја „нарушува атмосферата“ во соблекувалната.

Менаџерот на „чеканите“, Мануел Пелегрини, веќе ја „пикираше“ замената за него во уругвајскиот напаѓач на Селта, Макси Гомез. Во договорот на Гомез со Селта има откупна клаузузла од 44.5 милиони фунти, што е прифатлива цена за Вест хем, иако премиерлигашот побарал да ја исплати на рати.

Scroll to Top