Top Sport

АФЦОН: Марез и Алжирците без мака против Гвинеја (видео)

Алжир потврди дека е еден од фаворитите за освојување на титулата на Африканскиот куп на нации, откако со убедливи 3:0 ја победија Гвинеја и обезбедија четврт-финале против подобриот од дуелот меѓу Мали и Брегот на Слоновата Коска.

Јусеф Белаили донесе водство за „зелените“ во 24. минута, пред ѕвездата на Манчестер сити, Ријад Марез во 57. минута да постигне убав гол за 2:0. Фудбалерот на Наполи, Адам Унас го постигна својот втор гол на Африканскиот куп на нации во 82. минута за потврда на победата.

Алжирците одат на својата втора континентална титула, по таа на доминантниот тим од 1990 година со Рабах Маџер и Џабел Менад.

Scroll to Top