Top Sport

Арнаутовиќ се договорил со Болоња?

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, од наредната сезона ќе ги игра во Серија А.

Италијанските медиуми тврдат дека тој се договорил со Болоња. Според овие извори, Арнаутовиќ, две сезони ќе игра во Болоња, а потоа ќе се пресели во уште еден клуб кој е во сопственост на газдата на Болоња, Џои Сапуто, Монтреал.

Арнатутовиќ, пред десет години, играше во Серија А. Во сезоната 2009/2010 одиграл три натпреври за Интер.

Напаѓачот во кариерата играл за Твенте, Вердер, Стоук и Вест Хем, во моментов е играч на Шангај.

Scroll to Top