Top Sport

Арне Слот кандидат за клупата на Тотенхем

Арне Слот е најсериозниот кандидат за клупата на Тотенхем. Холанѓанецот е подготвен за нов предизвик, откако изминатите две сезони забележа одлични резултатит со Феенорд.

Арне Слот, минатата сезона со Феенорд играше финале во Лигата на Конференции, оваа сеозна дојде до четвртфиналето во Лига Европа, а во Холандија ја освои шампионската титула и ја прекина доминацијата на Ајакс.

„Кога станува збор за Холандија, нема да го направам следниот чекор овде. Ако тоа е мојот следен чекор, тоа значи дека целосно потфрлив. Очекуваниот следен потег би бил да заминам во странство. Секогаш сум велел дека Премиер лигата е најдобрата лига во светот“, изјави Слот.

Според англиските медиуми, конкурент на Слот за клупата на Тотенхем ќе му биде поранешниот шпански селектор, Луис Енрике.

Scroll to Top