Холандија убедливо го порази Гибралтар со 7:0, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Во групата Холанѓаните имаат шест бода, исто колку и Црна Гора и Норвешка, односно овие три селекции имаат бод помалку од лидерот Турција.
Она што го обележа овој дуел е некоректната изјава на селекторот на Холандија, Франк Де Бур.
„Ова е анти-фудбал. Паѓаа на секој допир, а потоа комплетниот тим скока да се жали. На голманот минута му требаше да ја уфрли топката во игра. Беа здодевни, уморен сум. Драго ми е што заврши овој натпревар“, рекол Де Бур.
Холандија, во септември, ќе ги продолжи квалификациите со гостувањето во Норвешка.