Top Sport

Арон Ремзи одбил понуди од пет премиерлигаши, останува во Јувентус!

Велшанецот Арон Ремзи ќе остане фудбалер на Јувентус, откако одбил неверојатни пет понуди од премиерлигаши овој месец, вклучувајќи го и супер-богатиот Њукасл.

31-годишниот Ремзи имаше малку шанси за игра под Масимилијано Алегри оваа сезона, а покрај тоа беше повреден на стартот на сезоната, за да има вкупно 98 минути игра во Серија А. Но, според „Калчомеркато“, Ремзи не сака да замине од Торино и одбил понуди од пет клуба: Барнли, Кристал палас, Астон вила, Њукасл и Вулверхемптон.

Ремзи заработува околу 7.5 милиони евра во Јувентус и има договор до 2023 година, а за Јувентус неговиот трансфер претставува финансиска катастрофа, откако тој пропушти над 30 меча поради повреди откако е во италијанскиот фудбал.

Scroll to Top