Top Sport

Судиите со „шпуинска“ акција го фатија Циципас како добива „коучинг“ од неговиот татко

Судиите на Австралија опен имаа необична „операција“ за да го фатат грчкиот тенисер Стефанос Циципас како добива тренерски совети од својот татко во полуфиналето против Данил Медведев во Мелбурн.

Циципас, кој и во минатото беше обвинуван дека оди на чести паузи за тоалет за да добива совети од својот татко, Апостолос, овојпат беше предмет на лутата реакција на Медведев, кој го нарече судијата на столче, Хауме Кампистол „глупав“ поради тоа што не реагира на „коучингот“ кој го добива неговиот противник.

Меѓутоа, снимките од мечот покажуваат како судиите ја исконтролираа ситуацијата. Грчката судијка Ева Асдераки-Мур беше во аголот каде што седеше Апостолос Циципас, за таа да му даде сигнал на судијата на столче Кампистол, пред пак да се сокрие. Ова наидува на реакција на тенисерот кој како да бара шпиун по казната.

Во друго видео се гледа како Кампистол вели: „Океј, фала, Ева. Прати прст нагоре ако се случи повторно“.

Медведев полуде, му порача на судијата дека е пи..а

Scroll to Top