Top Sport

Аронсон пристигна во Берлин

Фудбалерот на Лидс, Бренден Аронсон следната сезона ќе игра како позајмен во Унион Берлин, соопшти германскиот клуб.

Американскиот фудбалер игра во средниот ред, а минатата сезона за Лидс одигра 40 натпревари.

Покрај за Лидс, 22. годишниот фудбалер играше и за Филаделфија и за Салцбург.

Аронсон е репрезентативец на Соединетите Американски Држави, а на Светското првенство во Катар лани настапи на сите четири натпревари на оваа селекцијата.

Унион Берлин минатата сезона заврши на четвртото место во Бундеслигата и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Scroll to Top