Top Sport

Арп мораше да бара дозвола за фудбалски меч од 20.30 часот

Тимот на Хамбургер доби посебна дозвола од германските власти за нивниот 17-годишен напаѓач Јан-Фиете Арп да може да настапи на мечот од Бундеслигата во петок.

Според германскиот закон за заштита на работниците, сите вработени под 17 години смеат да работат од 6 часот наутро до 8 часот навечер. Хамбургер, на 15. место во Бундеслигата, играат во петок против Фрајбург (едно место зад нив) во меч кој почнува во 20.30 часот.

Затоа, Хамбургер мораа да побараат посебна дозвола за Арп, кој има два гола во пет настапи оваа сезона. Тој беше стартер на последните три меча, во кои стигнаа до две победи и „излегоа“ од зоната за испаѓање.

Германскиот закон дозволува „исклучоци“ за работни места кои вклучуваат „музички и театарски активности“, како и „останати настани“.

Арп се смета за еден од најталентираните млади играчи во Германија, откако постигна два хет-трика на ЕП за играчи под 21 година во мај, а наводно за неговите услуги се заинтересирани меѓу другите и Челси, Борусија Дортмунд и Јувентус.

Scroll to Top