Top Sport

Милинковиќ-Савиќ како тренерот Михајловиќ (видео)

Резервниот голман на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, конечно доби шанса да настапи за Торино против тимот на Карпи во Копа Италија.

Но, настапот на 20-годишниот голман ќе остане запаметен не поради одбраните, туку поради фантастичниот слободен удар во последните моменти од мечот, кога топката некако ја погоди пречката. Вистински специјалист, кој очигледно уметноста ја учел од неговиот тренер, Синиша Михајловиќ.

Вања инаку е помлад брат на плејмејкерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Scroll to Top