Top Sport

Арсен, дали може да ја добијам вашата вратоврска

Арсен Венгер, вечера, на емотивен начин се прости од навивачите на „Емирејтс“ стадионот и успеа да му го разубави денот на еден од најмладите фанови на Арсенал.

Момчето држеше транспарент на кој пишуваше:„Арсен, дали може да ја добијам вашата вратоврска?“, а легендарниот менаџер на Арсенал ја исполни неговата желба.

Арсенал, во неделата, го победи Барнли со 5:0. Тоа беше последниот меч на кој Венгер го предводеше Арсенал од клупата на „Емирејтс“ стадионот.

До крајот на сезоната Арсенал ќе одигра уште два натпревари, најпрвин в среда ќе игра против Лестер. Ова е натпревар од 31.коло, а потоа на 13.мај ќе гостува кај Хадерсфилд во рамките на последното, 38.коло во Премиер лигата.

Scroll to Top