Top Sport

Соиграчите го нападнале постариот Погба среде натпревар (Видео)

Флорентин Погба, братот на ѕвездата на Манчестер јунајтед, го обележа дербито во турската лига помеѓу Генчербирлиги и Анталијаспор (0:1).

Натпреварот против Анталијаспор, веројатно беше најзначакјниот за Генчербирлиги оваа сезона во борбата за опстанок, а Погба во еден таков меч го остави својот тим со играч помалку во финишот на дуелот.

Постариот брат Погба не доби црвен картон туку сам го напушти теренот, што предизвика жестока реакција од неговите соиграчи.

Имено, 27-годишниот дефанзивец барал замена поради повреда, во ситуација кога неговиот тренер веќе ги имал направено дозволените три промени. Откако му станало јасно дека треба да остане на теренот, тој едноставно го соблекол дресот и се упатил кон соблекувалната.

Тој гест толку ги налутил неговите соиграчи кои веднаш го нападнале, а според турските медиуми поголема тепачка имало во соблекувалната на Генчербирлиги.

На две кола до крајот на шампионатот Генчербирлиги се наоѓа на претпоследната позиција со 30 бода, пет помалку од Коњаспор, првиот тим што се наоѓа во безбедната зона.

Scroll to Top