Top Sport

Арсен Венгер неочекуван гостин на тренингот на Ливерпул

Легендарниот поранешен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер беше неочекуван гостин на тренингот на Ливерпул ова попладне, за да им ги предаде на Јирген Клоп, Алисон, Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и Тијаго нивните трофеи од ФИФА наградите од 2020.

Французинот, кој сега е шеф за глобален развој на ФИФА, беше набљудувач на тренингот на Јирген Клоп пред големото дерби со Челси овој викенд и според фотографиите уживаше во интересен разговор со Клоп.

Клоп беше прогласен за најдобар тренер од ФИФА втора година едноподруго, победувајќи ги Марсело Биелса (Лидс) и Хаси Флик (Баерн Минхен), додека Алисон, Александер-Арнолд, Ван Дајк и Тијаго беа почестени како дел од идеалните 11 на ФИФПРО.

Scroll to Top