Top Sport

Арсенал бара три победи од Артета, во спротивно ќе добие отказ

Наредните три натпревари што ќе ги одиграат фудбалерите на Арсенал во Премиер лигата ќе ја одредат судбината на менаџерот Микел Артета.

Арсенал, од стартот на првенството имаат освоено само 13 поени. Клубот се наоѓа на 15 место на табелата. Арсенал се без победа на последните четири натпревари.

Англиските медиуми тврдат дека Артета добил ултиматум од клупските челници, мора да победи на наредните натпревари. Арсенал ќе ги пречека Барнли и Саутемптон и ќе гостува кај Евертон.

Доколку не ја исполни целта, Артета ќе добие отказ, а на неговото место ќе дојде Масимилијано Алгери.

Алегри е без работа веќе 18 месеци кога доби отказ во Јувентус.

Scroll to Top