Арсенал потврдија дека потпишале договор со Штефан Лихтштајнер, кој е првото засилување на новиот тренер на клубот од „Емирати“, Унаи Емери.
34-годишниот десен бек од Швајцарија минатата сезона играше за тимот на Јувентус, додека во Арсенал доаѓа да ја „закрпи“ слабата одбрана на тимот.
„Штефан носи огромно искуство и лидерсво во нашиот клуб. Се работи за фудбалер со многу позитивен став и мислам дека со него ќе сме посилен клуб“, изјави Емери.
Арсенал прими 51 гол во последната сезона на Арсен Венгер во Премиер лигата, и Лихтштајнер треба да му помогне на Ектор Белјерин во задниот ред, заедно со Ејнсли Мејтланд-Најлс.
Welcome to Arsenal, @LichtsteinerSte ?#WillkommenStephan https://t.co/31jZP73Jgb
— Arsenal FC (@Arsenal) June 5, 2018