Top Sport

Лиенар: Мразам фудбалери како Нејмар и Балотели

Ѕвездите во француската Лига 1, Нејмар и Марио Балотели воопшто не го импресионираат играчот од средниот ред на Стразбур, Димитри Лиенар, кој вели дека едноставно „не може да ги трпи“ двајцата.

Француската прва лига дефинитивно доби на „тежина“ поради фудбалери како Нејмар и Балотели, но Лиенар вели дека се работи за „егоистични“ луѓе и не би жалел доколку се остварат шпекулациите и двајцата си заминат од лигата.

„Такви играчи навистина мразам. Нејмар може да си дозволи да направи било што на теренот и ако се обидеш да го фаулираш, тогаш само се ѕвери во тебе. Секогаш се обидува да ги исмее фудбалерите и те турка. Тој ме турна и кога паднав, судијата мене ми даде жолт картон“, вели Лиенар во интервју за „СФР спорт“.

Лиенар има исто такво мислење и за италијанскиот репрезентативец Балотели, откако двајцата добија по жолт картон во дуелот во април.

„По голот, тој се обиде да ме турне и потоа самиот падна на тревата иако не го допрев. Го држеше носот како да му го скршив и двајцата добивме картон“, отркива Лиенар.


Scroll to Top