Top Sport

Арсенал бесплатно им го дадоа Колашинац на Марсеј

Арсенал му го раскина договорот на Сеад Колашинац, по што репрезентативецот на Босна и Херцеговина потпиша 18-месечен договор со Олимпик Марсеј.

28-годишниот Колашинац, кој дојде на „Емирати“ од Шалке во 2017 година, не беше во плановите на Микел Артета, под кого беше трет избор на позицијата на лев бек зад Киеран Тирни и Нуно Тавареш и имаше само два настапи оваа сезона.

Од Арсенал ќе си замине и Шпанецот Пабло Мари, кој ќе ја продолжи кариерата како позајмен фудбалер во Удинезе, и е ново заминување од кај „топчиите“ по позајмиците за Ејнсли Мејтланд-Најлс и Фоларин Балогун.

Scroll to Top