Top Sport

Сенегал вторпат со „нула“, разочарувачки против Малави

Сенегал го освои првото место во групата Б на Африканскиот куп на нации, но повторно разочара со својата игра, одигрувајќи 0:0 со аутсајдерите Малави, за по три меча да имаат постигнато само еден гол. Сенегал одигра 0:0 со Гвинеја и со 1:0 го совлада Зимбабве со голот на Садио Мане во 97. минута од мечот.

Зимбабве со 2:1 ја совлада Гвинеја во вториот меч од третото коло од групата Б, но останува на последното место на табелата – Сенегал и Гвинеја одат директно во нокаут фазата, додека Малави ќе чека да влезе како еден од најдобрите третопласирани.

Scroll to Top