Top Sport

Арсенал би го добиле Кутињо за 10 милиони евра + Гендузи

Арсенал добиле шанса да го вратат Филипе Кутињо во Прмеиер лигата ова лето за само 10 милиони евра, со тоа што би го пратиле Матео Гендузи, кој влезе во конфликт со менаџерот Микел Артета на „Ноу Камп“, тврди британскиот „Индепендент“.

Кутињо уште е позајмен во Баерн Минхен, кои се подготвуваат за рестартирање на Лигата на шампионите, но германскиот шампион веќе потврди дека нема да ја искористи шансата да потпише договор со Бразилецот. Бидејќи на „Ноу Камп“ нема место за него, Кутињо добива шанса да се врати во Премиер лигата со Арсенал, но и со Тотенхем.

Бордот на Арсенал чека одговор на понудата од Каталонија до финалето на ФА купот во сабота против Челси, бидејќи ако се квалификуваат за европските квалификувања ќе има повеќе средства за трансфери. На Арсенал му е потребна победа да влезе во Лига Европа.

28-годишниот Кутињо не успеа да ја пронајде формата со која блескаше во Ливерпул пред да направи трансфер од 140 милиони евра во Барселона во јануари 2018 година. Оваа сезона тој постигна осум гола во 23 настапи во Бундеслигата.

Scroll to Top