Top Sport

Мекгрегор го прифати предизвикот на Чимаев?

Битката на социјалните мрежи помеѓу новата ММА атракција Хамзат Чимаев и Конор Мекгрегор ескалираше, откако Чеченецот со шведски пасош повторно го предизвика Ирецот на меч, откако тој наводно го прифати тоа.

Чимаев во интервју за „ТМЗ спортс“ ја искористи фразата на неговиот идол Хабиб Нурмагомедов: „Пратете ми ја локацијата, ќе дојдам да ти го скршам лицето“. По јавното прозивање, „Ноториус“ се јави на Твитер за да го прифати предизвикот од Чимаев и покрај тоа што изјави дека пензиониран.

Чимаев, кој очигледно е остроумен на Твитер исто колку што е опасен во кафезот, бргу се врати со нова фраза, овојпат од Мекгрегор: „Моли ме за меч“, по што му порача да се јави кај „чичко Дејна Вајт“ за да организира меч.

Чимаев си направи име за себе во УФЦ по само два меча со импресивини победи.

УФЦ: „Новиот“ Хабиб, Чеченецот Чимаев во расправија со Мекгрегор

Scroll to Top