Top Sport

Арсенал дадоа 50 милиони фунти за Бен Вајт!

Арсенал го комплетираа трансферот на Бен Вајт од Брајтон за фантастични 50 милиони фунти, носејќи го засега најголемото засилување на тимот на Микел Артета.

23-годишниот Вајт со потпишувањето на четиригодишниот договор (до 2025), е трето засилување на „топчиите“ по Нуно Тавареш (Бенфика) и Алберт Самби Локонга (Андерлехт). Вајт ќе го носи бројот 4 во Арсенал и се очекува да дебитира на пријателскиот меч против Челси веќе во недела.

„Бен беше прва цел за нас и одлично е што го добивме неговиот потпис. Тој помина обука со два многу добри клубови, Брајтон и Лидс и е интелигентен дефанзивец кој е стабилен на топката и неговиот стил на игра совршено ни одговара. Со неговата младост, тој е потпис за иднината“, вели менаџерот Микел Артета.

Вајт дебитираше за англиската репрезентација на стартот на јуни на пријателските мечеви со Романија и Австрија, а исто така беше дел од тимот за ЕУРО 2020, иако не одигра ниту една минута.

Scroll to Top