Top Sport

Арсенал доби „корпа“ од Сампдорија за Андерсен и Прет

Сампдорија го одбила Арсенал и нивната понуда од 43 милиони фунти за 23-годишниот бек Јоаким Андерсен и 25-годишниот играч од средниот ред Денис Прет, бидејќи клубот од Џенова, од неодамна под нова сопственост, бара поголема сума од нив, јавува „Ла газета дело спорт“.

„Топчиите“ имаа голем број на дефанзивни проблеми минатата сезона и се сметаше дека Данецот Андерсен ќе биде совршено засилување за нив, додека Прет требаше да ја засили креативноста на тимот на Унаи Емери.

Според британските медиуми, Арсенал има скромни 45 милиони фунти за трансфери оваа сезона откако повторно не се пласираа во Лигата на шампионите, и би добиле средства само ако продадат фудбалери. Минатото лето, Арсенал од Сампдорија го доби Лукас Тореира.

Scroll to Top