Top Sport

Легендата Тони Паркер заминува во пензија

Поранешниот кошаркар на Сан Антонио спарс, легендарниот четирикратен НБА-шампион, Французинот Тони Паркер објави дека се повлекува по 18 сезони во НБА лигата.

„Ќе се пензионирам. Решив дека веќе нема да играм кошарка“, изјави Паркер за „ЕСПН“.

Паркер си заминува на 37 години со 1.254 мечеви од регуларната сезона со просек од 15.5 поени, 5.6 асистенции и 2.7 скокови. Спарси го земаа Паркер како 28. пик на драфтот во 2001 година, по што тој беше клучен играч на Сан Антонио покрај Тим Данкан и Ману Џинобили, за во 2007 година да стане првиот европски кошаркар кој ја освоил МВП наградата во НБА финалето.

Шесткратниот Ол-Стар играше за Сан Антонио од 2001 до 2018 година, за последната сезона да ја игра со Шарлот хорнетс.

„Многу различни работи ме натераа да ја направам оваа одлука. Но, на крајот, ако не можам да бидам Тони Паркер и да играм за титули, не сакам да играм кошарка“, вели Паркер, кој ги освои НБА титулите во 2003, 2005, 2007 и 2014 година.

Scroll to Top