Top Sport

Арсенал добија порака – обезбедете ЛШ и нема да ви се намалат платите

Фудбалерите на Арсенал го одбиле „непристојниот“ предлог на клубот според кој за да избегнат кратење на платите поради последиците од корона вирусот ќе мораат да обезбедат место во Лигата на шампионите следната сезона.

Како и сите клубови, „топчиите“ имаат финансиски проблеми поради пандемијата на корона вирусот – клубот имаше 27.1 милиони фунти загуба во февруари, а 25 отсто од целосниот приход на тимот доаѓа од билетите за натпреварите.

Директорот на клубот Џош Кренке неодамна објасни дека годишните плати во износ на 230 милиони фунти се „плати за Лига на шампиони со буџет на Лига Европа“, но неговиот предлог за квалификување во ЛШ веднаш бил одбиен од фудбалерите.

Тимот на Микел Артета е на деветтото место на табелата со 40 поени, осум зад Челси на четвртото место. Поради суспензијата на Манчестер сити од европските натпреварувања, дури и петто место во Премиер лигата би било доволно да се оствари оваа цел. Моментално Манчестер јунајтед се тука со 45 поени, два поени пред Вулверхемптон и Шефилд јунајтед, а Арсенал имаат 41 поен. Арсенал последен пат играа во ЛШ во 2016/17.

Scroll to Top