Арсенал го декласира ПСЖ со 5:1, во Сингапур, во рамките на Интернационалниот куп на шампионите.
Унаи Емери, тренерот на Арсенал, излезе со респектабилен состав со Белерин, Сократис, Мустафи, Елнени, Ивоби, Мхитарија, Езил и Обамејанг во стартните 11. Томас Тухел на овој тим на Арсенал му со спротивстави вториот тим на ПСЖ, без најголемите ѕвезди.

Арсенл, ја наполни мрежата на ПСЖ во последните 20 минути од натпреварот, откако до 60.минута резултатот беше 1:1. Езил погоди за Арсенал, а Нкунку во 60.минута од пенал.
Потоа Лаказет постигна два гола во 67. и 70.минута, потоа Холдинг зголеми на 4:1 во 88.минута, а во последните секунди Нкетиа го постави конечниот резултат.
Арсенал со овој меч го заврши настапот во Сингапур, додека ПСЖ в понеделник ќе игра против Атлетико Мадрид.