Top Sport

Рускиот Суперкуп го освои ЦСКА (Видео)

Фудбалерите на ЦСКА Москва го освоија рускиот Суперкуп. Во борбата за трофејот тие славе против градскиот ривал Локомотив со 1:0. ЦСКА го освои седмиот трофеј во Суперкупот.

Победникот во Суперкупот на Русија беше решен во продолженијата, откако по 90 минути немаше голови.

Единствениот гол го постигна Хостнов, кој во текот на мечот влезе во игра.

ЦСКА по административен пат доби можност да се бори за овој трофеј, бидејќи освојувачот на Купот на Русија, екипата на Тосно повеќе не постои.

Scroll to Top