Фудбалерот на Манчестер јунајтед Хенрик Мхитаријан ги договорил условите за преселба на „Емирејтс“ со раковдството на Арсенал. Со ова се отвораат сите можности Алексис Санчез да се пресели во Манчестер јунајтед.
Како што пренесе британскиот сервис Би би си, 28-годишниот Мхитаријан, во наредните два дена ќе ги мине лекарските прегледи, откако доцна синоќа биле завршени формалностите околу трансферот.
Ниту клубот ниту играчот не ги соопштија деталите од трансферот.
Претходно менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, најави дека Алексис Санчез може да се пресели во Јунајтед само доколку Мхитарија се согласи да дојде во неговиот тим.