Top Sport

Надал по четири часа го скрши Шварцман

Најдобриот тенисер во светот Рафаел Надал се пласира во четврт-финалето на Австралија опен откако успеа да го совлада со 3:1 (6:3, 6:7, 6:3, 6:3) Аргентинецот Диего Шварцман.

Надал се намачи со борбениот Аргентинец, на теренот мина минута помалку од четири часи и дуелот го доби на искуство. Шварцман прв имашр брејк топка во првиот сет, откако во петтиот гем не ја искористи Надал направи брејк за 5:3, а потоа без загубен поен по 46 минути игра го доби првиот сет.

Во вториот сет тенисерите тешко освојуваа поени на свој сервис, од вкупно 12 гема, шест беа брејкови, а маратонскиот сет кој траеше 90 минути му припадна на Шварцман во тај-брејк.

Маратонскиот сет како да му ја зеде силата на Шварцман, на половина од третиот сет Надал направи брејк, потоа лесно ја врати предноста во сетови, а кога на стартот на четвртиот сет уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот стана јасно дека Шпанецот ќе го добие мечот.

Надал во четврт-финалето за противник ќе го има Хрватот Марин Чилќ кој исто така во четири сета го победи Пабло Карењо Буста (6:7, 6:3, 7:6, 7:6)

Пласман меѓу најдобрите осум на првиот Гренд слем во сезоната избори и Британецот Кајл Едмунд кој со 6:7, 7:5, 6:2, 6:3 го победи Италијанецот Андрес Сепи.

Scroll to Top