Интересот на Арсенал за Каи Хаверц станува сериозен. Тој успеал брзо да ги договори личните услови со „топчиите“, што е јасен показател дека напаѓачот сака да ја продолжи кариерата во тимот на Микел Артета.
Челси бара околу 70 милиони евра за трансферот, но Арсенал ќе се обиде да ја намали таа сума и можеби да вклучи некој фудбалер во зделката.
Реал Мадрид беше заинтересиран за потписот на Хаверц, но излезе од трката откако дозна за големата отштета што треба ја плати за Германецот. Во игра е и Баерн Минхен, но, сепак, Арсенал е во најнапредна фаза.