Top Sport

Арсенал ги издржа нападите на Брајтон

Брајтон и Арсенал ремизираа без голови, во последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата.

Впечатокот е дека Арсенал треба да бидат задоволни со освоениот бод, бидејќи Брајтон притискаа во текот на целиот натпревар, упатија 21 удар кон голот на Рамсдејл. Сепак им недостигаше прецизноста, само два удари одеа во рамките на голот.

Во 92.минута, работеше и видео-асистентот, по дуелот на Дафи со Габриел. Судијата Џонатан Мос пресуди дека нема доволно елементи за пенал.

Арсенал насеризоните шанси ги имаше преку Обамејанг во првото и Смит-Роу во второт полувреме.

По седната рунда Брајтон има 14 поени и се наоѓа на петтото место, Арсенал се деветти со 10 бодови.

Scroll to Top