Top Sport

Арсенал го бараат Камавинга на позајмица

Арсенал се заинтересирани за позајмица на ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга во обид да се засили тимот во трката за премиерлигашката титула, тврди „Ивнинг стандард“.

20-годишниот Французин пристигна во Шпанија во 2021 година, но оваа сезона не е редовен стартер под Карло Анчелоти и „топчиите“ се сигурни дека можат да го убедат Флорентино Перез со редовно место во првиот тим на Микел Артета.

Арсенал веќе го обезбедија потписот на крилото Леандро Тросар од Брајтон за 27 милиони фунти, а се очекува и комплетирањето на полскиот дефанзивец Јакуб Кивиор од италијанска Специја. Англиските медиуми исто така тврдат дека тие планираат значително да го засилат средниот ред во летнит преоден рок, со капитенот на Вест хем, Деклан Рајс како главна цел.

Scroll to Top