Top Sport

Рубљов безмилосен против Еванс, Сабаленка сигурно е меѓу фаворитките

Андреј Рубљов се пласираше во осминафиналето на Австралија опен третпат во својата кариера по 6:4/6:2/6:3 победата над Ден Еванс, за да обезбеди дуел со Данецот Холгер Руне. 25-годишниот Русин имаше неверојатни 60 директни победнички топки, 10 аса и освои 80 отсто од своите поени на прв сервис за доминантна победа. Руне претходно го елиминираше Французинот Иго Умбер.

„Мислам дека играм подобро со секој нареде меч. Среќен сум бидејќи ова е само почеток на сезоната, а веќе имав мечеви против големи тенисери“, вели Рубљов, кој досега го нема поминато осминафиналето на гренд слемот во Мелбурн.

Австралиецот Алекс де Минаур исто така е меѓу најдобрите 16, откако со 7:6(0)/6:2/6:1 го совлада Фрнацузинот Бенжамин Бонзи за само 2 часа и 8 минути. Негов следен потенцијален противник е деветкратниот шампион Новак Ѓоковиќ, кој прво треба да го мине Григор Димитров.

Кај дамите, петтата носителка Арина Сабаленка останува меѓу фаворитите, откако ја совлада својата поранешна партнерка во двојки, Елизе Мертенс со 6:2/6:3. Следна противничка за најдобрата белоруска тенисерка е 12. носителка, Белинда Бенчич, која со 6:2/7:5 ја совлада Италијанкат Камила Џорџи.

Во осминафиналето е и фаворитката на австралискат публика, Хрватката Дона Векиќ, која со 6:2/6:2 за само еден час ја совлада Шпанката Нурија Паризас-Дијаз, како и Кинексата Жанг Шауи, која со 6:3/6:2 ја „збриша“ американската квалификантка Кејти Волинец.

Scroll to Top