Top Sport

Арсенал го доби Денис Суарез од Барса

Арсенал ја комплетираше позајмицата на Денис Суарез од Барселона до крајот на сезоната, потврдија двата клуба.

Суарез, кој има 71 натпревар со Блауграна и освои пет трофеи, го продолжи договорот со Барса за уште една сезона, но сега е подготвен за нова авантура во англискиот фудбал со „топчиите“, кои имаат опција да го купат на крајот на сезоната.

Шпанецот ја започна кариерата во Селта Виго пред да направи трансфер во Манчестер сити за 850.000 фунти и од него се очекуваше многу на „Етихад“, меѓутоа, тој имаше само два настапи за првиот тим, и тоа двата во Лига купот, пред во 2012 да се врати во Шпанија во Б-тимот на Барселона, по што помина една сезона како позајмен играч на Севилја, додека таму беше тренер сегашниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, и таму ја освои титулата од Лига Европа.

25-годишниот Суарез потоа потпиша за Вилјареал на постојан договор, но Барселона ја искористи опцијата за откуп за 3.5 милиони евра во 2016, и за Блауграна тој имаше осум гола и освои една титула од Ла лига и две од Копа дел реј. Оваа сезона тој има само 17 минути настап во Ла лига.

Scroll to Top