Top Sport

Дувњак: Распоредот на големите натпревари не „убива“

Ѕвездата на хрватската ракометна репрезентација, Домагој Дувњак вели дека има едноставно премногу натпревари на Светското првенство и на другите големи натпреварувања во спортот.

Повеќето репрезентации кои минаа во втората фаза имаа неверојатно темпо на натпревари, освен Германија и Данска, кои во втората фаза имаа ден одмор меѓу натпреварите.

„Како ракометари не можеме да го смениме тоа. Знам дека многумина мислат исто, дека тоа не е нормално – одигравме осум натпревари за не знам, десет дена. Тоа е брутален напор за телото“, вели Дувњак.

Хрватска успеа да ја оствари целта на Мундијалот – шесто место и пласман на олимписките квалификации за Токио 2020.

„Одигравме добро во првата рунда, но еден лош натпревар против Бразил го наруши ритамот и тоа ни ги уништи шансите за медал. Но, ја победивме Франција и сега одиме да се пласираме во Токио со младата екипа. Само да останеме здрави“, вели Дувњак.

Фото: ЕПА

Scroll to Top