Томас Парти фудбалерот на Атлетико Мадрид кариерата ќе ја продолжи во Арсенал, тврдат неколку странски медиуми. Наводно Парти се договорил со Арсенал кој ќе ја плати откупната клаузула од 50 милиони евра.
Арсенал неколку месеци се поврзува со Арсенал, меѓутоа барем засега нема потврда од клубот дека репрезентативецот на Гана ќе стане нивни член.
Томас Парти потекнува од школата на Атлетико. Целата досегашна кариера ја минал во Мадрид, а стандарден член на првиот тим е од 2015 година. Една сезона минал како позајмен играч во Мајорка и Алмерија.
Сезоната настапил на 35 натпревари во сите конкуренции, постигнал три гола.