Англискиот премиерлигаш Арсенал успеа да го доведе италијанскиот репрезентативец Жоргињо од Челси. Тој ќе потпише договор до јуни 2024 година, а Челси ќе добие околу 12 милиони евра за фудбалерот кој беше на шест месеци пред истек на договорот.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се обидува да доведе квалитетни играчи за врска во битката за шампионската титула во Премиерлигата. Кога е завршена работата со Жоргињо, сега „топчиите“ ќе се фокусираат и на преговорите со Брајтон за Моисес Каиседо. За Еквадорецот „топчиите“ доставија понуда од 70 милиони фунти.
Jorginho to Arsenal, here we go! Deal agreed on £12m fee, Chelsea accept conditions and documents are being prepared 🚨⚪️🔴 #AFC
Personal terms agreed, contract until 2024 with option further year.
First contact revealed yesterday night — medical booked.
Arteta, key factor. pic.twitter.com/JHm1rMTzxw
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 31, 2023
Во последниот ден од преодниот рок Арсенал би можел да го ангажира Јури Тилеманс од Лестер. Белгиецот некое време се поврзува со трансфер на „Емирати“, а веќе е познато дека сака да соработува со Микел Артета.