Бразилскиот репрезентативец Габриел Жесус го напушта Манчестер Сити и се сели во Арсенал, откако „топчиите“ и актуелниот англиски првак постигнаа договор за трансфер вреден 45 милиони фунти.
Напаѓачот сака да замине од Сити откако пристигна Ерлинг Халанд, знаејќи дека нема да ја има посакуваната минутажа кај Пеп Гвардиола.
Жесус беше дел од Манчестер Сити во изминатите пет години, а ќе биде огромно засилување за Арсенал.