Фудбалерите на Арсенал ја освоија титулата во ФА купот. „Тобџиите“ со победата над Челси од 2:1 успеаја да ја спасат лошата сезона, која ја завршија на осмото место во Премиер лигата. Победата во ФА купот на Арсенал им обезбеди место во Лига Европа наредната сезона. Тренерот на Арсенал Микел Артета го освои првиот трофеј како самостоен тренер.
Финалето на најстарото фудбалско натпреварување во светот го обележа капитенот на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг кој ги постигна двата гола за својот тим.
Челси подобро влегоа во натпреварот, постигнаа гол преку Кристијан Пулишиќ во петтата минута, но по 25 минута играчите на Френк Лампард ги демонстрираа слабостите во одбраната што на најдобар начин го искористи Обамејанг.
Раритет на овој натпревар е што Челси поради повреди остана без тројца играчи Аспиликуета, Пулишиќ и Педро, а на спротивната страна поради повреда мечот пред време го заврши Давид Луиз.
Габнецот во 28 минута избори пенал кој самиот го реализираше, во 67 минута со соло-акција најпрвин лесно го исфрли од игра Курт Зума, а потоа го совлада Вили Кабаљеро.
AUBA AT THE DOUBLE! ?#HeadsUpFACupFinal #ARSCHE pic.twitter.com/UhHGwMU0rm
— The Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) August 1, 2020
До крајот на мечот Челси остана со играч помалку на теренот. Матео Ковачиќ беше исклучен поради вториот жолт картон.