Арсенал ги замолче сите скептици кои сметаа дека наскоро ќе следува „колапс“ на тимот на Микел Артета, откако го добија неделното дерби со Челси, триумфирајќи со 1:0 за враќање на првото место на табелата со два поени предност пред Манчестер сити.
Во интересен старт на мечот, Арсенал имаше неколку шанси пред голот на Едуар Менди, од кој најмногу се издвојуваше обидот на Габриел Магаљаеш со глава, додека на другата страна, Рахим Стерлинг ја имаше најизгледната ситуација за Челси. Пјер-Емерик Обамејанг, како стартер против својот поранешен старт, имаше само осум допири со топката пред да биде заменет во 64. минута, веднаш откако Магаљаеш со својот 7. гол оваа сезона да обезбеди водство за „топчиите“.
На крајот, Арсенал, сосема заслужено стигна до победа, додека Челси по одличниот старт под Греем Потер има три меча без победа за да останат на седмото место со 21 поен, три од топ 4 пласман.